Collector
Либија го усвои првиот единствен државен буџет по повеќе од една деценија | Collector
Либија го усвои првиот единствен државен буџет по повеќе од една деценија
Kurir

Либија го усвои првиот единствен државен буџет по повеќе од една деценија

Двата ривалски законодавни органи во Либија го одобрија првиот единствен државен буџет по повеќе од десет години, соопшти Централната банка. Северноафриканската земја е поделена од граѓанската војна во 2014 година, што доведе до постоење на две паралелни администрации во западниот и источниот дел. Последниот единствен национален буџет беше договорен во 2013 година. Централната банка оцени дека усвојувањето на буџетот од двете спротивставени законодавни тела може да придонесе за зајакнување на финансиската стабилност и претставува значаен чекор кон надминување на долгогодишната финансиска поделба. Двете законодавни институции се Претставничкиот дом, со седиште во источниот дел на земјата и избран во 2014 година, и Високиот државен совет во западниот дел, формиран врз основа на политички договор од 2015 година, чии членови се избрани од парламентот избран во 2012 година. -Ова е јасна порака дека Либија е способна да ги надмине своите разлики кога постои заедничка визија за иднината - изјави гувернерот на Централната банка, Наџи Иса, кој ја предводеше церемонијата на потпишување во Триполи.  (МИА)

Go to News Site