Collector
Минчев: Да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните | Collector
Минчев: Да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните
Kurir

Минчев: Да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка. „Почитувани, По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом. Нека празникот на Христовото Воскресение донесе надеж, љубов и нова енергија за заеднички напредок. Во духот на солидарноста и меѓусебната почит, да продолжиме да градиме општество засновано на вредности, доверба и посветеност кон граѓаните. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на најблиските, исполнети со радост, топлина и убави моменти“. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Go to News Site