Collector
ВМРО-ДПМНЕ: Честитка по повод празникот Воскресение Христово – Велигден | Collector
ВМРО-ДПМНЕ: Честитка по повод празникот Воскресение Христово – Велигден
Kurir

ВМРО-ДПМНЕ: Честитка по повод празникот Воскресение Христово – Велигден

По повод големиот христијански празник Велигден, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки со желби за добро здравје, мир и благосостојба во секој дом. „Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта. Нека светлината на Христовото Воскресение донесе надеж, сила и нова енергија за надминување на сите предизвици со кои се соочуваме како општество. Овој свет празник нека биде потсетник дека по секоја жртва доаѓа победа, а по секоја темнина, светлина. Во време на искушенија, поделби и неправди, потребно е единство, заедништво и решителност да изградиме подобра иднина за сите граѓани. Обединети да продолжиме да ја унапредуваме државата и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија. Водени од вредностите на традицијата, семејството и заедништвото, да останеме посветени на создавање држава на правда, развој и просперитет. Нека љубовта, добрината и солидарноста бидат наш патоказ во овие празнични денови. Нека е за многу години Велигден! Христос Воскресе – Навистина Воскресе“!

Go to News Site