Kajgana
САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток Филип Здравески 12.04.2026 / 13:42 Свет САД уништија поголем дел од иранската морнарица, но не и клучната што Техеран ја користи за контрола на стратешкиот Ормутски Проток. Додека редовната морнарица управуваше со големи воени бродови првенствено за престижни и повремени мисии на отворено море, паравоениот Корпус чувари на Исламската револуционерна гарда има своја голема флота од поагилни бродови. Флотата е дизајнирана да го контролира клучниот воден пат со ракети, мини и напади врз трговски бродови, а нејзините капацитети се многу потешки за неутрализирање, објавува The Wall Street Journal. Двете лица на иранската морнарица Фарзин Надими, виш соработник во Вашингтонскиот институт, американски тинк-тенк фокусиран на Иран, рече дека повеќе од 60% од флотата на Револуционерната гарда од брзи бродови за напад и глисери останува недопрена. „Тие остануваат закана“, рече тој. Откако беше постигнат договор со Техеран за двонеделен прекин на огнот во замена за отворање на протокот, Иран предупреди преку поморско радио дека сите бродови што се обидуваат да поминат без дозвола од Револуционерната гарда ризикуваат уништување. На првиот ден од примирјето, само 4 бродови поминаа низ протокот, најмалку во последниот месец, а Иран им кажа на медијаторите дека ќе го ограничи преминот на 10 бродови дневно, додека повеќе од 100 минуваа пред конфликтот. Иран потоа издаде предупредување за противбродски мини во главниот канал, упатувајќи ги бродовите да се консултираат со Револуционерната гарда за нови правци по иранскиот брег за да ги заобиколат. Тоа беше првиот знак дека Иран можеби го минирал водниот пат, за што САД предупредија минатиот месец. „Нивната асиметрична стратегија дава резултати“, рече Дејвид Де Рош, поранешен директор за политиката на Персискиот Залив во Министерството за одбрана. Во предизвик на иранската контрола, два американски разорувачи со наведувани проектили поминаа низ протокот во саботата, првото поминување на американски воени бродови од почетокот на конфликтот, потврдија тројца американски претставници. Уништена редовната флота Додека една петтина од светската нафта поминува низ протокот, неговото затворање ги искачи глобалните цени на нафтата над 100 долари за барел за прв пат од 2022 година. Иран го контролира сообраќајот со напаѓање на повеќе од дваесетина трговски бродови во Персискиот Залив. Може да продолжи со ваквите напади со лансирање беспилотни летала и ракети од копно, но воените бродови му дозволуваат директно да им се заканува и да ги следи бродовите. Централната команда на САД (Centcom), која е одговорна за Блискиот Исток, објави на 6 април дека потопила повеќе од 155 ирански бродови. Сателитските и официјалните воени снимки на САД покажуваат дека нападите ја уништиле иранската флота, но поголемиот дел од штетата е нанесена на конвенционалната морнарица. Во еден од најзначајните напади, американска подморница го торпедираше иранскиот воен брод ناوشکن دنا (ИРИС Дена) во Индискиот Океан во близина на Шри Ланка. На бродот имало околу 180 луѓе, од кои најмалку 87 загинале. Беа погодени и мини-полагачите на фрегатата. Вкупно, иранската морнарица изгуби 6 од своите 7 фрегати, обете корвети и една од своите 3 океански подморници, изјави Алекс Пејп, раководител на поморскиот тим во разузнавачката фирма Janes. Според нивната анализа, 4 од главните борбени бродови на иранската морнарица биле потопени или онеспособени до 5 март. CENTCOM released footage of strikes on underground tunnel entrances and missile launch sites at Iran’s Hajjiabad base near the Strait of Hormuz. The strikes likely used 5,000-lb GBU-72 bunker-buster bombs. Hajjiabad (Eagle 44) is a hardened underground Iranian base near the… pic.twitter.com/HmflPo2OnY — Clash Report (@clashreport) March 20, 2026 Загуби на Револуционерната гарда Американските напади, исто така, уништија некои од најсовремените бродови на Револуционерната гарда. Снимките од Centcom го покажуваат уништувањето на катамаранот ناو شهید صیاد شیرازی (ИРИС Шахид Сајад Ширази), претставен во февруари 2024 година, кој може да испали противбродски и противвоздушни ракети. شهید باقری (Шахид Багери), најголемиот носач на беспилотни летала на Револуционерната гарда во Персискиот Залив, кој исто така служел како платформа за лансирање противбродски ракети и хеликоптери, исто така бил погоден, изјави Николас Карл, соработник во Проектот за критични закани во Американскиот институт за претприемништво. O Comando Central dos EUA divulgou imagens do ataque de hoje contra a corveta IRIS Shahid Sayyad Shirazi, da Guarda Revolucionária Islâmica do Irã, na costa de Bandar Abbas, no Estreito de Ormuz. O CENTCOM afirma que mais de 20 navios da IRGCN e da Marinha iraniana foram… https://t.co/KnEZblN9du pic.twitter.com/lZ8q0wM6il — Gabriel Ferrigno | Geopolitics (@bielferrigno) March 4, 2026 Асиметрична стратегија и нови закани И покрај загубите, Револуционерната гарда сè уште има голем број помали бродови дизајнирани за напади во тесните води на Персискиот Залив и Ормускиот Проток, кој е широк само околу 32 километра во најтесната точка. Помалите бродови потешко се забележуваат преку сателит, а Револуционерната гарда користи подземни засолништа по карпестиот брег за стотици такви бродови, рече Крис Лонг, поранешен британски поморски офицер. „На САД ќе им треба долго време да го уништат сето тоа“, додаде Лонг. Иран ја разви оваа доктрина откако САД потопија поголем дел од неговата флота во поморска битка во 1988 година, преминувајќи на асиметричен пристап насочен кон контрола на комерцијалниот сообраќај. Најмалку 50 ирански напади врз бродови во Заливот и Ормускиот Проток се регистрирани од 28 февруари. Револуционерната гарда, исто така, почна да користи поморски беспилотни летала. На 11 март, танкерот Safesea Vishnu беше нападнат од два беспилотни брода со експлозиви, а танкерите MKD VYOM и Sonangol Namibe беа исто така погодени од поморски беспилотни летала. Се верува дека технологијата за тие беспилотни летала ја обезбедил Техеран и ја користеле јеменските Хути, поддржани од Иран. Иако присуството на мини не е потврдено, предупредувањето на Иран за нив делува како моќна тактика за заплашување. Еден кинески морнар изјавил дека неговиот капетан двапати одбил наредби да помине низ протокот. Затоа, уништувањето на поголемите воени бродови не ја намалува значително способноста на Револуционерната гарда да го затвори протокот. Се верува дека Иран поседува илјадници мини што можат да се постават од рибарски или други мали бродови. „Иран изгуби 80 до 90% од своите поморски капацитети“, рече пензионираниот вицеадмирал Роберт Харвард, поранешен заменик-командант на Централната команда. „Но, последните 10% се најтешкиот дел“. САД Иран Ормуски Проток Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site