Kurir
Германскиот тенисер Александер Зверев уште еден Мастрес турнир го завршува во полуфиналето. Тој вчера во мечот за пласман во финалето беше надигран од Јаник Синер и загуби со 2:0 и притоа освои пет гема, притоа тоа беше осми последователен пораз од Синер. - Ако не играте најдобро што можете, едноставно ќе продолжите да губите од Карлос (Алкараз) и Јаник (Синер). Без најдобро издание немате шанса да ги победите, изјави Зверев. Германецот истакна дека во Мајами бил блиску до победа над Синер, но во Монте Карло тоа не било случај. Финалето на Мастерсот во Монте Карло меѓу Алкараз и Синер почнува во 15 часот.
Go to News Site