Kurir
На денешните парламентарни избори во Унгарија, до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, соопшти Изборната комисија на таа земја. На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот. Тоа претставува значително зголемување на излезноста во споредба со претходните два изборни циклуси - 42,32 проценти од гласачите гласале до 13 часот во 2018 година, а 40,01 процент во 2022 година. Главните кандидати на денешните избори, премиерот Виктор Орбан и неговиот ривал Петер Маѓар, претходно утрово објавија дека гласале. (МИА)
Go to News Site