Kurir
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 април 2026 година во 01:20 часот, во Полициската станица Шуто Оризари сам се пријавил малолетник од Шуто Оризари. Според МВР, тој на 11 април 2026 година околу 22:20 часот, пред игротека во Шуто Оризари, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од истото подрачје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Go to News Site