Collector
Возеле без дозвола, брзо и со забрана: Приведени пет возачи, МВР со детали | Collector
Возеле без дозвола, брзо и со забрана: Приведени пет возачи, МВР со детали
Kurir

Возеле без дозвола, брзо и со забрана: Приведени пет возачи, МВР со детали

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца (во Куманово и Дебар) управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека двајца (во Кичево и Чашка) со впишана активна забрана за управување на возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Go to News Site