Collector
Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот | Collector
Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот
Kajgana

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот НБА 2025/2026 Филип Здравески 13.04.2026 / 10:36 Кошарка Ноќеска заврши 82. коло од најсилната кошаркарска лига во светот, по што станаа познати сите парови за плејофот и плејинот. Во последното коло беа постигнати следниве резултати: Бостон Селтикс - Орландо Меџик 113:108 Торонто Репторс - Бруклин Нетс 136:101 Индијана Пејсерс - Детроит Пистонс 121:133 Кливленд Кавалирс - Вашингтон Визардс 130:117 Мајами Хит - Атланта Хокс 143:117 Филаделфија 76ерс - Милвоки Бакс 126:106 Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс 96:110 Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс 122:110 Минесота Тимбервулвс - Њу Орлеанс Пеликанс 132:126 Оклахома Сити Тандер - Финикс Санс 103:135 Хјустон Рокитс - Мемфис Гризлис 132:101 Далас Маверикс - Чикаго Булс 149:128 Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез 131:107 Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 115:110 Сан Антонио Спарс - Денвер Нагетс 118:128 Откако се одигра натпреварите се комплетираа и паровите за плејофот и плејинот. Вкупно 20 екипи се во плејофот и ќе се борат за титулата - 12 од нив се квалификуваа директно, додека 8 ќе мора да го бараат своето место преку плејинот. Источна конференција Прво коло: (1.) Детроит Пистонс - (8.) плејин победник (2.) Бостон Селтикс - (7.) плејин победник (3.) Њујорк Никс - (6.) Атланта Хокс (4.) Кливленд Кавалирс - (5.) Торонто Репторс Плејин турнир: Меч за 7. место: (7.) Филаделфија 76ерс - (8.) Орландо Меџик Елиминациски меч: (9.) Шарлот Хорнетс - (10.) Мајами Хит Победникот од натпреварот Филаделфија 76ерс и Орландо Меџик го обезбедува 7. место и натпревар во првото коло против Бостон Селтикс, додека поразениот ќе игра со победникот од натпреварот Шарлот Хорнетс - Мајами Хит за последното 8. место во плејофот и натпревар во првото коло против Детроит Пистонс. Западна конференција Прво коло: (1.) Оклахома Сити Тандер - (8.) плејин победник (2.) Сан Антонио Спарс - (7.) плејин победник (3.) Денвер Нагетс - (6-то) Минесота Тимбервулвс (4.) Лос Анџелес Лејкерс - (5.) Хјустон Рокитс Плејин турнир: Меч за 7. место: (7.) Финикс Санс - (8.) Портланд Треилблејзерс Елиминациски меч: (9.) ЛА Клиперс - (10.) Голден Стејт Вориорс Победникот од натпреварот Финикс Санс - Портланд Треилблејзерс го обезбедува 7. место и натпревар во првото коло против Сан Антонио Спарс, додека поразениот ќе игра со победникот од натпреварот ЛА Клиперс - Голден Стејт Вориорс за последното 8. место на Западот и натпревар во првото коло против Оклахома Сити Тандер. THE BRACKET IS SET pic.twitter.com/bqSnxeDnzv — NBA (@NBA) April 13, 2026 Плејин турнирите започнуваат на 14 април, додека првото коло од плејофот започнува на 18 април. Почетокот на финалната серија е закажан за 3 јуни. Конечна табела: НБА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site