Kajgana
Трамп најави блокада: САД ќе запираат бродови поврзани со иранските пристаништа Филип Здравески 13.04.2026 / 11:37 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека од денеска во 16 часот ќе блокираат бродови кои „влегуваат или излегуваат“ од иранските пристаништа. Американскиот претседател претходно соопшти дека морнарицата ќе започне постапка за блокада на „сите бродови“ кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот Проток. Од Централната команда на САД соопштија дека блокадата ќе се спроведува „непристрасно кон бродови од сите држави“, но ќе остане дозволен премин за бродови кои пловат меѓу пристаништа што не се во Иран, низ протокот преку кој минува околу една петтина од светската нафта. Одлуката на Трамп следува откако преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, одржани во Пакистан во саботата, завршија без договор по 21 час разговори. Доналд Трамп САД Иран Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site