Kajgana
Шампионски менталитет: Интер губеше 2:0 кај Комо, па им даде четири серија а 2025/2026 Филип Здравески 13.04.2026 / 12:10 Фудбал Фудбалерите на Интер синоќа го победија Комо со 4:3 на стадионот „Џузепе Синигаља“ во 32. коло од Серија А, со што потврдија дека сезонава Скудетото ќе заврши во нивните витрини. Комо подобро го отвори натпреварот и во 45-тата минута водеше со 2:0 со головите на Алекс Ваље и Нико Пас. Сепак, Интер успеа да го намали дефицитот во втората минута од судиското продолжение со голот на Маркус Турам. Во првите 15 минути од второто полувреме Интер успеа да го сврти резултатот. Прво, енергичниот Турам израмни на 2:2, а потоа Дензел Думфрис постигна гол за водство на Интер. Брилијантниот холандски латерален бек потоа постигна уште еден гол за Интер во 72. минута за веќе убедливо водство од 4:2. Комо до крајот успеа само да го ублажи поразот преку Лукаш Да Куња од пенал во 88. минута за конечен резултат 4:3. Remote video URL Интер е прв на табелата во Серија А со девет бодови предност во однос на второпласираниот Наполи, додека Комо е на петтото место. Во следното коло Интер ќе биде домаќин на Каљари, а Комо ќе игра на гостински терен против Сасуоло. Доколку на крајот остане на врвот, Интер ќе го освои своето Скудето број 21. Интер Комо Серија А Дензел Думфрис Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site