Kajgana
Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт Филип Здравески 13.04.2026 / 12:23 Македонија Лидерот на Левица го критикуваше славјето на СДСМ за исходот на изборите во Унгарија, велејќи дека лик од истата партија го победил својот ментор, двајцата конзервативни неолиберали. На изборите што вчера се одржаа во Унгарија победи партијата Tisza (Тиса) на Петер Маѓар со 138 пратенички места, Fidesz (Фидес) на Виктор Орбан освои само 55, додека крајно десничарската Mi Hazánk (Наша Татковина) освои 6 мандати. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се израдува на победата на Маѓар најавувајќи дека „време е за демократија“. „Сакам споредби. И партибрејкери. Па така, кога ги гледам социјалдемокративе како се радуваат на ПАДОТ НА ОРБАН во Унгарија, не можам а да не искоментирам дека тоа е исто како да го славиш 'падот на Грујо' со доаѓањето на Мицика!? Контате сега? Лик од истата партија, конзервативен неолиберал, го победува својот некогашен ментор. И сега третиот ешалон на Фидес ќе биде власт, преку Тиса. Што има тука за славје на левичарите не знам, освен можеби тоа што ќе секнат парите за ТВ Алфа, за златевци, латасовци, миленковци и други хибридно-режимски курирци (шо и не е за потцењавање in concreto)“, напиша Димитар Апасиев. Димитар Апасиев Петер Маѓар Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site