Collector
Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа? | Collector
Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?
Kajgana

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа? Филип Здравески 13.04.2026 / 13:19 Чек дис аут Иако светот во последниве недели зборува за Ормускиот Проток, малкумина всушност знаат како изгледа. И покрај својата стратешка улога, овој тесен морски премин крие извонредна природна убавина што останува во сенка на политичките настани. Сместен помеѓу Персискиот Залив и Оманското Море, Ормускиот Проток е клучен енергетски транспортен пат, низ кој минуваат околу 20% од светските пратки со нафта. Спротивно на перцепцијата за индустриска и сообраќајна зона, Ормускиот Проток се карактеризира со недопрени природни пејзажи. Областа е богата со драматични фјордови, смарагдно зелени мориња и разновиден морски свет, вклучувајќи делфини. View this post on Instagram A post shared by ????? ??????? | ??? ???????? Creator (@safnas_records) Стрмните карпи и тесните заливи нудат спектакуларни погледи, особено во областа на полуостровот Мусандам во Оман, која често се споредува со норвешките предели поради нејзината сурова крајбрежна линија и планински терен. Иако е една од најпрометните и најчувствителните поморски рути, Ормутскиот Проток има и туристички потенцијал. Пред сегашните ограничувања, посетителите можеа да ја истражуваат областа во традиционални дрвени чамци (dhow) уживајќи во панорамски погледи, корални гребени и зајдисонца. На снимките објавени на интернет може да се видат делфини како пливаат покрај бродови, а нуркачите скокаат во карпести заливи за да ги истражат водите полни со корали. View this post on Instagram A post shared by Crystal | Texan living in Dubai | Explorer (@onthego.crystal) Заливот го вклучува и островот Ормуз, познат по своите шарени планини и надреални црвени плажи. Островот е дом и на необичната резиденција Маџара, составена од 200 шарени куполи со различни големини и форми, изградени со учество на локалното население на островот, користејќи ја техниката на градење во облик на вреќи со песок. Куполите, од кои некои се меѓусебно поврзани, содржат и сместувачки капацитети и јавни објекти како што се ресторани и кафулиња. Исто така, тука е и иранскиот остров Кешм, но и островот Ларак, околу кој се наоѓа една од најразновидните области на корални гребени околу Персискиот Залив. Ормуски Проток Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site