Kajgana
До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд Филип Здравески 14.04.2026 / 08:04 Македонија Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степени. Времето во наредните денови До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 км/ч. Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site