Kajgana
Кој ќе седне на жешкото столче на Аѕурите: Двајца се силни фаворити Филип Здравески 14.04.2026 / 08:57 Фудбал Во италијанскиот фудбал владее вистински хаос, а ова стана особено видливо по поразот на репрезентацијата од репрезентацијата на Босна и Херцеговина во финалето од баражот за пласман на Светското првенство. Медиумите во таа земја веќе некое време играат со имиња, а три особено се издвојуваат: Антонио Конте, Масимилиано Алегри и Роберто Манчини. La Gazzetta dello Sport наведува дека тренерот на Наполи, Антонио Конте, веќе ставил дознаење дека е привлечен од идејата да се врати на селекторската позиција. Од друга страна, Алегри бара од својот клуб Милан засилувања што би му донеле евентуална борба за титулата следната сезона, а ако тоа не се случи, тогаш разделбата не е невозможна. Роберто Манчини е третиот човек во оваа приказна, но во трката меѓу двајцата најтрофејни активни тренери. Шансите на Макс за аѕурната клупа се зголемуваат бидејќи, и покрај уверенијата што доаѓаат од Милан за поврзаноста со актуелниот предводник, влезот (или не) во следната Лига на шампиони, а пред сè плановите на клубот на пазарот, би можеле да ги расипат сите планови. Сите тројца стартуваат од различни позиции. Манчини ќе биде ослободен од договорот со катарскиот Ал Сад за неколку недели и ќе излезе на пазарот. Сепак, факторот време нема да биде негова предност бидејќи изборите за претседател на Фудбалската федерација на Италија се закажани за 22 јуни. Дотогаш, еден месец по завршувањето на првенството, плановите на Конте и Алегри ќе бидат појасни. GDS наведува дека наследникот на Џенаро Гатузо би можел да добие двегодишен договор кој автоматски би бил продолжен за уште две сезони во случај на пласман на ЕУРО 2028, бидејќи вистинската цел на Италија е да не го пропушти четвртиот Мундијал по ред, а на ред е оној јубилејниот во 2030 година кога ќе се слави 100-годишнината од првиот Мундијал, каде Италија исто така не учествуваше. Италија фудбал Масимилијано Алегри Антонио Конте Роберто Манчини Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site