Kurir
Во време кога ретко се случува на едно место да се соберат најголемите имиња на македонската народна музика, публиката конечно ќе има можност да доживее вечер за паметење. Под мотото „Сега па којзнае кога пак“, во сабота на 18 април во „Македонско село“ ќе се одржи уникатна музичка вечер што ветува емоции, носталгија и вистинско уживање во безвременските македонски песни. На сцената ќе настапат легендите на домашната фолк сцена – Наум Петрески, Зуица Лазова, Смиља Митревска и Нино Величковски , придружувани од врвните мајстори на звукот – хармоникашот Мишел Трајковски и Хилми Баки . Овој состав за првпат се обединува на една сцена, што ја прави вечерта уште поексклузивна и посебна. Концертот е замислен како патување низ македонската музичка традиција, и тоа од антологиски хитови до песни што ја будат најдлабоката емоција и ја слават душата на народот. Секој од изведувачите ќе донесе дел од својата препознатлива енергија и интерпретација, создавајќи спој што ретко се доживува во живо. Ова нема да биде само концерт, туку вистинско музичко доживување . В ечер во која публиката ќе пее, ќе се потсети на убавите времиња и ќе создаде нови спомени. Затоа и мотото „Сега па којзнае кога пак“ не е случајно , а ваква та комбинација на уметници, во ваков состав, навистина е реткост што не се пропушта. Резервации и дополнителни информации се достапни на телефон 071 357 744.
Go to News Site