Collector
Северна Кореја тестираше нови ракети | Collector
Северна Кореја тестираше нови ракети
Kajgana

Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја тестираше нови ракети Александра Спасеска 14.04.2026 / 09:10 Свет Северна Кореја денеска соопшти дека во неделата тестирала две стратешки крстосувачки ракети и три противбродски ракети од воениот брод Чое Хјон. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го набљудувал лансирањето заедно со високи претставници на одбраната и морнарицата, објави државната новинска агенција KCNA. Вежбата имала за цел да го тестира интегрираниот систем за контрола на оружјето на воениот брод и подобрениот систем за навигација отпорен на попречување, како и да ја обучи екипажот за лансирање. „Ракетите погодија цели со исклучителна точност“ Крстосувачките ракети летаа помеѓу 7.869 и 7.920 секунди, а противбродските ракети помеѓу 1.960 и 1.973 секунди по однапред одредени траектории над Жолтото Море, погодувајќи цели со исклучителна точност, соопшти KCNA. Ким, исто така, ги разгледа плановите за вооружување на разурнувачите број 3 и број 4 кои се во изградба и изрази задоволство од неодамнешниот напредок во одбраната на Северна Кореја, кој е квалитативно зајакнат со низа достигнувања. „Нуклеарното одвраќање останува врвен приоритет“ Тој повтори дека зајакнувањето на нуклеарното одвраќање останува врвен приоритет на земјата, повикувајќи на подобрување на капацитетите за удар и развој на понапреден систем за брз одговор. „Непроменлива линија на национална одбрана на нашата партија и најважна приоритетна задача е постојано и на неодредено време да се зајакнува силното и сигурно нуклеарно одвраќање“, рече Ким, нагласувајќи ја важноста од понатамошно зајакнување на стратешките и тактичките офанзивни капацитети, клучни за нуклеарното одвраќање, и подобрување и усовршување на системот за брз одговор. Северна Кореја Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site