Collector
Лишени од слобода 57 лица за безобѕирно возење: 1.303 сообраќајни прекршоци изминатиот продолжен викенд | Collector
Лишени од слобода 57 лица за безобѕирно возење: 1.303 сообраќајни прекршоци изминатиот продолжен викенд
Kajgana

Лишени од слобода 57 лица за безобѕирно возење: 1.303 сообраќајни прекршоци изминатиот продолжен викенд

Лишени од слобода 57 лица за безобѕирно возење: 1.303 сообраќајни прекршоци изминатиот продолжен викенд Филип Здравески 14.04.2026 / 12:00 Хроника Во текот на изминатиот продолжен викенд (10-13 април) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.303 издадени платни налози, 488 прекршоци се однесуваат на возачи што не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 57 лица, од кои 6 за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, 4 поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 26 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна, пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 119 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 5 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 10 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР. сообраќајна полиција Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site