Collector
Италијанските новинари в четврток повторно ќе стапат во штрајк | Collector
Италијанските новинари в четврток повторно ќе стапат во штрајк
Kurir

Италијанските новинари в четврток повторно ќе стапат во штрајк

Федерација на италијански медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов. Новинарите исто така бараат поголема заштита на нивните права и подобрени услови за работа. - Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостасува колективен договор, што би регулирал, како да се користи вештачката интелигенција за новинарска содржина и колкава треба да биде платата за креаторите на оваа содржина, се наведува во соопштението на Федерацијата на италијански медиуми. Досега, новинарите во Италија штрајкуваа неколку пати, а последниот штрајк беше на крајот на март. Одделно, имаше штрајкови на локално ниво во голем број медиуми поради разни проблеми, како што се уредувачката политика или промените во сопственоста.

Go to News Site