Collector
ВИДЕО: Најмалку 11 повредени во страшен пожар во Тирана, на терен над 50 пожарникари и војската | Collector
ВИДЕО: Најмалку 11 повредени во страшен пожар во Тирана, на терен над 50 пожарникари и војската
Kurir

ВИДЕО: Најмалку 11 повредени во страшен пожар во Тирана, на терен над 50 пожарникари и војската

Најмалку 11 лица се повредени во големиот пожар што го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, додека противпожарните екипи успеаја да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење кон околните згради, соопштија денес локалните власти. Директорот на Службата за вонредни ситуации на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и дека е спречено да се прошири кон блиските станбени кули. Според порталот „Тирана њуз“, тој истакна дека пожарот го зафатил североисточниот дел од зградата од приземјето до горниот кат и дека е предизвикана голема материјална штета. Кара изјави дека во гаснењето на пожарот се ангажирани сите расположиви капацитети, вклучувајќи повеќе од 50 пожарникари од Тирана и други градови, како и припадници на армијата. Video of a heavy fire erupting in apartment building in Tirana, Albania pic.twitter.com/H72IKMg4CH — Skerdilajd Zaimi (@PublliusCS_a) April 14, 2026 Според него, сè уште работат на гаснење на преостанатите жаришта во становите, додека целосниот биланс на штетата сè уште не е познат. „Прерано е да се каже дека пожарот е изгаснат. Го локализиравме за да не се прошири кон околните згради, но сè уште се работи во сите правци“, рече Кара. Директорот на службите за итни случаи, Скендер Братај, објави дека најмалку 11 лица се повредени, додавајќи дека една жена е хоспитализирана со изгореници кои покриваат околу 15 проценти од нејзиното тело, но дека нејзиниот живот не е во опасност. „Пет лица се приведени на токсикологија, а меѓу повредените има и пожарникари, но засега немаме точен број“, рече Братај.

Go to News Site