Kajgana
Заврши мундијалскиот сон за Екитике Филип Здравески 15.04.2026 / 13:23 Фудбал Играчот од средниот ред на Ливерпул, Иго Екитике, претрпе сериозна повреда која практично ја заврши неговата сезона, според првичните извештаи од клубот и медиумите. Повредата се случи на „Енфилд“, каде што Ливерпул беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите по поразот од 2:0 од Пари Сен-Жермен. Сепак, резултатот брзо исчезна во втор план по загрижувачката сцена, кога Екитике во болки и на носила го напушти теренот, а реакциите од клупата и тренерскиот штаб укажуваа дека станува збор за сериозен проблем. Првичните информации не се оптимистички, а некои извори велат дека може да станува збор за повреда на Ахиловата тетива, што би значело долго закрепнување, и дека сигурно ќе го пропушти претстојното Светско првенство, што би бил голем удар за францускиот тим. Екитике се повреди сам, без контакт со противнички играч. Looks bad for Ekitike for Liverpool. Could be Achilles injury that might see him out for the rest of the season. Just been stretchered off . Just before the World Cup too! #ekitike #liverpool #UCL pic.twitter.com/uc4nHJzlk6 — XRPatiently Waiting (@thepatientbloke) April 14, 2026 „Иго Екитике има сериозна повреда, тоа е прилично тешка повреда. Не знам дали ќе игра повторно сезонава. Освен фактот дека може да биде сериозна, не можам да дадам повеќе информации“, рече стратегот на Ливерпул, Арне Слот. По натпреварот Canal+ ги пренесе првите информации од студиото, каде што Ерве Мату изјави: „Можеби Ахиловата тетива не е скината, како што велат информациите од неговото семејство, но сезоната дефинитивно е завршена за Французинот“, рече Мату. Набргу потоа, истиот телевизиски канал дополнително ја разјасни ситуацијата преку социјалните мрежи: „Ахиловата тетива на Екитике навистина е засегната. Спротивно на претходните информации, сè уште немаме прецизни податоци за сериозноста на повредата. Францускиот репрезентативец сè уште не е подложен на прегледи за да се утврди должината на неговото отсуство“, објави француската телевизија преку социјалните мрежи. Екитике во јуни ќе полни 24 години. Напаѓачот за репрезентацијата на Франција досега има 8 настапи и 2 постигнати голови. Можеше да игра и за Камерун бидејќи татко му е Камерунец, но никогаш не доби повик. Иго Екитике Франција фудбал Ливерпул СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site