Collector
Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ | Collector
Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ
Kajgana

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ Александра Спасеска 15.04.2026 / 15:22 Рецепти Лососот е една од намирниците што многу луѓе уживаат да ги подготвуваат, а оброците во едно тенџере одговараат на зафатениот животен стил и желбата за здрави, но практични оброци. Авторката на книгата со рецепти Ејми Шепард сподели рецепт за едно од нејзините омилени јадења со лосос на нејзиниот TikTok. При подготовка на ова јадење, сите состојки одат во иста тава, а за кожата на лососот да биде крцкава, клучно е да го исушите лососот со хартиена крпа пред печење. Потребни состојки: масло за пржење четири филети лосос една лажица црвен пипер една лажица масло ситно сечкан кромид две сечкани чешниња лук 60 грама свеж спанаќ сушени домати 300 милилитри павлака за готвење 300 милилитри пилешка супа 50 грама свежо рендан пармезан една лажица свежо сечкани билки сол и свежо мелен бибер 400-500 грама тестенини таљатели Подготовка: Исушете ги филетите од лосос со хартиена крпа, додадете сол, бибер и посипете со црвен пипер. Во големо тавче загрејте го маслото на средна температура. Печете го лососот неколку минути од секоја страна додека не стане крцкав. Извадете го лососот од тавчето и оставете го настрана. Во истотот тавче додадете го кромидот и гответе додека не омекне. Додадете го лукот и гответе уште една минута. После тоа, додадете го спанаќот и сушените домати. Додадете ја павлаката за готвење и пилешката супа во тавчето. Оставете да се готви неколку минути додека сосот не се згусне. Додадете рендан пармезан и свежи билки. Додадете сол и бибер по желба. Вратете ги филетите од лосос во тавата со сосот, па додадете ги тестенините кои сте ги свариле ал денте во посолена вода. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site