Kajgana
Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд Филип Здравески 15.04.2026 / 19:29 Македонија Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени. Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site