Kurir
Украинските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале 31 руски ракета и 636 дронови во текот на изминатите 24 часа. „Во овој период, непријателот изврши два брана комбинирани напади на територијата на Украина користејќи ракети лансирани од копнени и воздушни лансери, како и ударни дронови“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на апликацијата Телеграм. Додадено е дека се откриени вкупно 703 руски воздушни цели. Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушно-одбранбените сили собориле 207 украински дронови над руските региони во текот на ноќта. „Синоќа, дежурните сили на воздушна одбрана пресретнаа и уништија 207 украински беспилотни летала од типот авиони над територијата на Белгород, Смоленск, Курск, Брјанск и Орјол, над Краснодарската територија, во Република Крим и над водите на Црното и Азовското Море“, соопшти Министерството за одбрана. (МИА)
Go to News Site