Kurir
Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на Телевизија 24 каде се осврна на борбата против криминалот и корупцијата, за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел. „Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се залагаше и го побара гласот и поддршката од страна на граѓаните во текот на кампањата, беше токму борбата против криминал и корупцијата и сметам дека во овие нецели две години од владеењето не отстапивме ниту еден милиметар, од тоа дека треба да се обезбеди право и правна држава кој што е еден од постулатите на ЕУ“, рече Велјановски и додаде: „Апсолутно сметам дека покажавме како политичка партија и како влада едно високо ниво на капацитет со тоа што дозволивме на некој начин и покрај тоа што судбината на јавниот обвинител зависеше директно од волјата на Владата и мнозинството во Собранието, тој имаше можност две години да покаже, докаже дека работи во расчистување на предметите коишто беа дел наследени, а дел отворени во негово време“. Според него, со назначувањето на новиот јавен обвинител, за кого нема забелешки во однос на неговата стручност и посветеност, ќе се интензивираат одредени предмети во наредниот период. „Не е ништо поразлично од она што е наша генерална заложба, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата поради која и генерално ја добивме поддршката на изборите односно казната која што беше упатена кон СДС, која што на изминатите паралaмнтарни избори беше во рангот на статистичка грешка. Можеби се ова малку тешки зборови, но тоа го покажуваат бројките, и од парламентарните, подоцна претседателските избори и локалните избори“, вели Велјановски. На прашањето околу оставката на обвинителката Ленче Ристоска, тој кажа дека е нејзина одлука, а истата и самата ја образложила, а како што вели Велјановски може да се гледа на тоа како позитивен чекор, бидејќи според него, таа била остатокот од СЈО кое нанесе штета на правниот систем, правната држава и многу судбини во земјава. „Нема отстапување од нашите заложби и во однос на оставката, сметам дека обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка, тоа е нејзина одлука, одлуката ја образложи. Дали се работи за еден маркетиншки моментум по таа изјава или реалност, еве има повторно надлежни органи кои би можеле повторно да направат истрага и да одлучат дали има вистина во нејзините изјави“, заклучи Велјановски.
Go to News Site