Collector
Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево | Collector
Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево
Kurir

Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од с.Бигла. Запленети 19 метри кубни нелегално сечени дрва на територија на ОВР Делчево Полициски службеници од ОВР Делчево, по... Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Wednesday, April 15, 2026

Go to News Site