Collector
16 април 1945, формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски | Collector
16 април 1945, формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски
Kajgana

16 април 1945, формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски

16 април 1945, формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски НА ДЕНЕШЕН ДЕН Александра Спасеска 16.04.2026 / 12:31 Македонија Владата на Македонија од 1945 е првата влада на македонската република во составот на ново-формираната југословенска федерација. Избрана е на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ и неговите поверенства. Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија. Во тој процес доминантна раководна улога има Комунистичката партија на Македонија (КПМ), подоцна Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ), помогната од страна на масовните организации (Народниот фронт, подоцна ССРНМ, синдикалната и младинската организација, АФЖ и др.). Оваа влада е реконструирана на 11 февруари 1946 година, а мандатот ѝ завршува по една година, на 18 април 1946 година, кога е избрана нова влада. Владата била составена од претседател, два потпретседатели и 10 министерства. Нејзиниот состав бил следниот: претседател на владата: Лазар Колишевски прв потпретседател и министер за финансии: Љупчо Арсов втор потпретседател: Абдураим Мехмед министер за внатрешни работи: Кирил Петрушев министер за просвета: Никола Минчев министер за правосудство: Павел Шатев министер за индустрија и рударство: Страхил Гигов министер за трговија и снабдување: Тоде Ношпал министер за земјоделство и шумарство: Богоја Фотев министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ министер за социјална политика: Неџат Аголи министер за градежништво: Георги Василев. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site