Kurir
Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи изјави дека сè уште не е утврден датумот за вториот круг разговори помеѓу САД и Иран. За денеска е предвидена средба во Техеран на иранските претставници со началникот на пакистанската армија, во обид да се намалат тензиите на Блиски Исток и да се утврди датум за втората рунда мировни преговори со САД. Претходно, Белата куќа соопшти дека следниот круг разговори би можел да се одржи во Пакистан, но оти сè уште нема конечна одлука. Пакистан е главниот посредник во решавање на судирот помеѓу САД и Иран.
Go to News Site