Kajgana
Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека Александра Спасеска 16.04.2026 / 14:07 Хроника Полицијата поднесе кривична пријава против С.А. (24) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“. Според информациите, на 12 април 2026 година, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон. Претходно, на 9 април, од женско лице одзел чанта со пари, додека на 11 април во аптека од вработена одзел мобилен телефон. Случајот е пријавен и се преземаат понатамошни мерки. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site