Collector
Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини | Collector
Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини
Kajgana

Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини

Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини Филип Здравески 16.04.2026 / 14:15 Живот Слаткиот туризам сè повеќе ја освојува Европа, а помалку познатите градови како Торино, Перуџа или Салцбург нудат музеи, фабрики и фестивали на чоколадо, привлекувајќи посетители кои сакаат да уживаат во слатки искуства подалеку од преполните и класични дестинации. Чоколаден тузизам во Торино Сè повеќе патници се вртат кон необични дестинации, а чоколадото станува главна причина за кратки и слатки пролетни патувања. Наместо класични избори како Париз и Брисел, во преден план доаѓаат помалку познати градови со богата чоколадна традиција. Според ново истражување, интересот за патување за време на Велигден се зголемил за дури 129%, при што сè повеќе луѓе бараат автентични искуства, од локална гастрономија до посета на работилници и музеи. Студија на компанијата Avis ги идентификуваше најинтересните „скриени“ дестинации за чоколадо во Европа, анализирајќи го бројот на слаткарници, музеи, туристички тури, како и интересот на интернет. Италија доминира - Торино на врвот на листата На прво место се најде Торино, град кој се смета за историска престолнина на чоколадото уште од XVI век. Со повеќе од 200 чоколатери и бројни атракции, Торино привлекува љубители на слатки од целиот свет. Познати специјалитети како џандуја и пијалакот бицерин се создадени тука, а туристите можат да посетат музеи, фабрики и познатиот фестивал на чоколадо. Пастичериа во Торино Веднаш зад него е Перуџа, позната по своите познати чоколади Baci и големиот фестивал Eurochocolate, кој привлекува околу еден милион посетители секоја година. Perugina ги произведува популарните чоколатца Baci Од Моцарт до британски слатки Третото место го зазеде Салцбург, каде што се произведуваат оригиналните Mozartkugel , додека четвртото место го зазеде Јорк, град со богата индустриска традиција во производството на слатки. Моцарт куглите се најпопуларен австриски производ Јорк е особено интересен бидејќи, и покрај помалиот број продавници, е многу популарен меѓу туристите благодарение на атракциите како што е Музејот на чоколадо и фактот што таму се создадени брендови како што се Rowntree's и Terry's Chocolate Orange. Листата на првите пет ја затвора Антверпен, каде што посетителите можат да уживаат во најголемиот белгиски музеј на чоколадо и да гледаат како се прават пралини во живо. Сè попопуларен „сладок туризам“ Овој тренд покажува дека патниците сè повеќе бараат искуства што комбинираат уживање и култура, а чоколадото се појавува како совршена мешавина од двата света. Помалите градови, без големи толпи, нудат поавтентично искуство и честопати подлабока традиција од познатите метрополи. Топ 10 неочекувани дестинации за чоколадо во Европа: Торино Перуџа Салцбург Јорк Антверпен Стразбур Краков Лондон Амстердам Прага чоколадо Торино Перуџа Салцбург Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site