Kajgana
Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје Филип Здравески 16.04.2026 / 14:45 Хроника Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Првата несреќа била пријавена околу 14:30 часот на крстосницата од улиците „Благоја Стефковски“ и „102“, каде се судриле патничко возило Citroën, управувано од Ј.С. (63) од Скопје, и мопед управуван од А.Т. (40) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Втората несреќа се случила околу 17:30 часот на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде се судриле патничко возило Peugeot, управувано од О.Р. (32) од Скопје, и мотоцикл управуван од Ј.В. (26) од Скопје. И во овој случај, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site