Collector
ЕК: За четири години над 5.000 пациенти од Украина се префрлени во европските болниците | Collector
ЕК: За четири години над 5.000 пациенти од Украина се префрлени во европските болниците
Kurir

ЕК: За четири години над 5.000 пациенти од Украина се префрлени во европските болниците

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година повеќе од 5.000 пациенти се префрлени на лекување во болниците ширум Европа, соопшти денеска Европската комисија. Пациентите се префрлени во болници во 22 европски земји, вклучително и Норвешка, која не е членка на Европска Унија. Евакуациите на пациенти кои страдаат од тешки повреди, хронични болести и сложени состојби ги координира ЕК во соработка со Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа. - ЕУ останува посветена на поддршката на здравствениот систем на Украина и обезбедувањето дека оние кои се најранливи ќе ја добијат потребната грижа - се наведува во соопштението на ЕК.

Go to News Site