Kurir
Градоначалничката на Општина Кисела Вода информира дека започната е реконструкција на дел од улицата „Киро Фетак“, во делот кај мостот. -Поради градежните активности, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај во период од 6 месеци, односно до 15.10.2026 година. Во овој период, сообраќајот во двата правци нема да биде дозволен. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни рути, вели Бети Стаменкоска Трајкоска. Доколку градежните работи завршат пред предвидениот рок, Општината невреме ќе извести.
Go to News Site