Collector
Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени | Collector
Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени
Kajgana

Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени

Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени Филип Здравески 16.04.2026 / 19:35 Македонија Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во главниот град Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени. Времето во наредните денови За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site