Collector
Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот! | Collector
Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!
Kajgana

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот! УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ЧЕТВРТФИНАЛЕ Филип Здравески 16.04.2026 / 20:15 Фудбал Во Реал Мадрид фрлаат дрвја и камења кон словенечкиот судија Славко Винчиќ затоа што го исклучи Едуард Камавинга, но поранешниот фудбалер на кралскиот клуб, Весли Снајдер, верува дека главниот виновник е францускиот репрезентативец. Судијата му покажа втор жолт, односно црвен картон во 86. минута. До моментот на исклучувањето Реал водеше со 3:2, резулотат кој мечот го носеше во продолженија. Иако шпанскиот тим остана со играч помалку доцна во натпреварот, Баерн сепак успеа не само да израмни туку и да постигне и втор гол за пресврт и победа. Поранешниот холандски ас и играч на Реал Мадрид, Весли Снајдер, вели дека не е виновен судијата, туку прстот го впери во францускиот играч. „Глупав идиот! Го правиш ова откако веќе си добил жолт картон. На ова ниво, тоа е едноставно глупаво. Знаеш ли што треба да прават играчите на Реал Мадрид по натпреварот? Треба да го истурат целиот свој гнев врз него во соблекувалната и да не ги обвинуваат судиите“, изјави Снајдер за холандскиот медиум Ziggo Sport. Баерн го победи Реал Мадрид со вкупен резултат од 6:4 (2:1, 4:3) и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со европскиот шампион Пари Сен-Жермен. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Атлетико - Арсенал. Полуфиналните натпревари се закажани за 28/29 април и 5/6 мај. Реал Мадрид Лига на шампиони Едуардо Камавинга Весли Снајдер Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site