Collector
Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините | Collector
Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините
Kajgana

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините Филип Здравески 16.04.2026 / 20:48 Ракомет Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противнички на Европското првенство 2026, кое во декември ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Македонските ракометарки се во групата Б, која ќе се игра во Клуж, а противници се селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, најсилната селекција во светот, Норвешка, актуелен европски и светски првак, како и Швацарија. Група А Унгарија Црна Гора Словенија Исланд Група Б Норвешка Романија Швајцарија Македонија Група Ц Данска Шпанија Турција Грција Група Д Холандија Чешка Австрија Хрватска Група Е Франција Полска Фарски Острови Украина Група Ф Шведска Германија Словачка Србија Европското првенство прв пат во историјата ќе се игра во 5 држави (Рпманија, Словачка, Турција, Чешка и Полска), а ќе се одржи од 3 до 20 декември. македонија ж ракомет Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site