Kurir
Гледам огромна разлика во она што значи притисок и влијание на судството што се случуваше во претходната Влада и Зоран Заев, и она кое што се случува денеска. Верувајте, воопшто јас, почнувајќи од премиерот па надолу, сите ние воопшто немаме никаква комуникација со ниту еден судија, со ниту еден обвинител, изјави вечерва во своето гостување во поткастот „Наткаст“ на новинарот Љупчо Цветановски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Дури изборот на Јавниот обвинител во јавноста помина така незабележително и воопшто немаше средба помеѓу премиерот и обвинителот, немаше таква средба истакна Петрушевски. Петрушевски појасни дека одлуката за избор на Јавниот обвинител беше донесена врз основ на биографија, не врз основ на ветувања. Таков му е карактерот на премиерот кој што мноду добро лично го познавам. Таква е неговата политика и очекувам тие стеги кои што ги имаа порано, сега се отргнати, немаат стеги. -Единствено очекување од судството и обвинителството е да си работат согласно законот и ништо повеќе од тоа. Согласно Закон, неслективно, мислам дека така ќе ја вратат и довербата кај граѓаните и така ќе изградиме една сериозно правна држава, се друго е погрешна политика и нема да не одведе никаде. Свесни сме за тоа и вопшто немаме никаква намера да вршиме било какво влијание во делод на правосудството и правосудниот систем, дециден е Петрушевски.
Go to News Site