Kurir
Женска ракометна репрезентација на Македонија, ги дозна противниците за Европскиот шампионат што ќе се оддиржи од 3 до 20 декември, во пет земји. Македонија ќе игра во групата „Б“ во романскиот град Клуж. Во неа, противници покрај домашната селекција на Романија, ќе бидат и актуелните светски шампионки Норвежанките и селекцијата на Швајцарија. Ова е епилогот од денешната ждрепка одржана во Катовице, Полска, кој ќе биде еден од шестте градови домаќини. Покрај Полска, првенство ќе биде историско, затоа што ќе се одржува во пет земји. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во: Чешка, Словачка, Романија и Турција. Репрезентациите се поделени во шест групи по четири селекции, а домаќините веќе ги одбраа и градовите каде ќе играат. „А“ група (Орадеа, Романија) : Унгарија, Црна Гора, Словенија и Исланд. „Б“ група (Клуж, Романија) : Норвешка, Романија, Швајцарија и МАКЕДОНИЈА . „Ц“ група (Анталија, Турција) : Данска, Шпанија, Турција, и Грција. „Д“ група (Брно, Чешка): Холандија, Чешка, Австрија и Хрватска. „Е“ група (Катовице, Полска) : Франција, Полска, Фарски Острови и Украина. „Ф“ група (Братислава, Словачка ): Шведска, Германија, Словачка и Србија. Домаќин на финалниот викенд ќе биде Катовице, од 18 до 20 декември 2026.
Go to News Site