Kajgana
Променливо облачно со сончеви периоди Филип Здравески 17.04.2026 / 08:04 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени. Времето во наредните денови Денеска и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денеска и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site