Kajgana
Меси купи клуб во Каталонија Филип Здравески 17.04.2026 / 08:32 Фудбал Лионел Меси донесе одлука и го купи шпанскиот петтолигаш Корнељà. Овој клуб се наоѓа во предградијата на Барселона, поточно во Корнељà де Љобрегат делот каде што игра Еспањол, но е познат по својата голема школа, каде што, на пример, играле Жорди Алба, Давид Раја, Жерарт Мартин, Кеита Балде… Идејата за оваа инвестиција е јасна – дополнително да се развие клубот и да се подигне на повисоко ниво, со посебен фокус на развојот на локалните таленти. Откако до 2024 година клубот беше третолигашп, нагло падна, па денес игра во лигата Терсера Федерасион во групата Каталонија, што е петти ранг во шпанскиот фудбал. Како што објави каталонски Sport, токму ова го охрабри Меси да се приклучи на овој клуб, а со тоа да биде дел од градот Барселона. Веста ја потврди и самиот клуб: „Вест на векот! Лео Меси, нов сопственик на Корнељà.“ La notícia del segle! Leo Messi, nou propietari de la #UECornellà Tota la info: https://t.co/HcwYOyxk18 pic.twitter.com/htxqq14oiY — UE Cornellà (@ue_cornella) April 16, 2026 Од поранешните играчи на Барселона, Жерарт Пике ја купи Андора преку својата компанија Cosmos, а Жорди Алба и Тиаго Алкантара го презедоа Л'Оспиталет заедно со своите партнери. На четири кола до крајот Корнељà е на третото место со 55 бодови, 5 помалку од првопласираната Манреса. Само првиот има директна промоција во четвртата лига, додека тимовите од второ до петто место место одат во плејоф. Лео Меси Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On
Go to News Site