Collector
Претседателот на Бразил, Силва, во посета на Шпанија | Collector
Претседателот на Бразил, Силва, во посета на Шпанија
Kurir

Претседателот на Бразил, Силва, во посета на Шпанија

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, денеска ја почнува дводневната посета на Шпанија. Предвидено е Силва на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез да потпише неколку договори за соработка во областа на земјоделството, технологијата и социјалната политика. Силва утре ќе се сретне со лидерите на повеќе земји од Јужна Америка на IV состанок за одбрана на демократијата. Конференцијата беше заеднички формирана од Шпанија и Бразил во 2024 година како форум за размена на идеи за борба против, како што тврдат организаторите, „екстремизмот, поларизацијата и дезинформациите“, што ја поткопуваат партиципативната демократија. На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, претседателот на Јужна Африка и на Колумбија, Сирил Рамафоса и Густаво Петра, како и други функционери.

Go to News Site