Collector
Пробугарски портал се најде силно навреден од македонизмот на Елена Велевска: „Во Бугарија пее бугарски народни песни, во Македонија тврди дека не пее бугарско“ (ВИДЕО) | Collector
Пробугарски портал се најде силно навреден од македонизмот на Елена Велевска: „Во Бугарија пее бугарски народни песни, во Македонија тврди дека не пее бугарско“ (ВИДЕО)
Kurir

Пробугарски портал се најде силно навреден од македонизмот на Елена Велевска: „Во Бугарија пее бугарски народни песни, во Македонија тврди дека не пее бугарско“ (ВИДЕО)

Порталот Ipress.mk кој има македонски домеин во своите содржини отворено ја протежира пробугарската политика во Македонија, очигледно „вртејќи ја водата на своја воденица“, без никакви докази дека напишаното или кажаното е токму така како што тие тврдат, пишува ВИСТИНА.МК. Меѓу останатите содржини на удар се најде и македонската естрада, поточно фолк пејачката Елена Велевска, која во своето гостување во поткастот „Ништо лично“ запрашана за обидите да направи кариера во соседството пред неколку години, поточно во Република Бугарија и нивната Паинер продукција односно ТВ Планета, отворено говореше за тоа какви биле барањата на кои таа не можела да одговори. Поточно понудата била да гради кариера пеејќи песни исклучиво на бугарски јазик, нешто што Елена го одбила, зашто сметала дека е Македонка која цел живот пеела на својот најчин, македонски јазик. И тоа пејачката без криење го кажа во поткастот. Арно ама, ваквата нејзина изјава очигледно некого го „пецнала и заболела“ или не и одговара на агендата која официјалната бугарска политика ја турка, а тој спроведува, па на својата Фејсбук страница „бугарските Македонци“ од Ipress.mk извадиле еден риалс од исказот на Елена Велевска во споменатиот поткаст, па си го „префарбале“ онака , како што ним им одговара – пробугарски! И тоа без при тоа да изнесат ниту еден доказ, ниту еден контрааргумент во вид на аудио или видео дека тоа што го тврдат е така! Конечно дури и да запеала некоја според нив „бугарска“ песна, тие веројатно мислат на некоја од македонските народни или новосоздадени фолк нумери, кои бугарската естрада константно или си ги препејува на бугарски јазик, тврдејќи дека се нивни, или пак ги пее на македонски, окаректеризувајќи ги за бугарски народни песни, без да бидат наведени вистинските македонски автори на музиката и текстот, за што постојат и бројни примери. Вистината е дека Елена Велевска убаво си кажува дека кога била во прашање нејзината евентуална кариера врзана за бугарскиот пазар, што значи создавањето на новите песни сакала да ги пее на македонски, а не на бугарски јазик, за што не нашла заеднички јазик со продукцијата. Нејзините зборови споменатиот портал по стариот обичај „ги извртува“ со ставајќи ги во сосема поинаков контекст од нејзината вистинска изјава. За среќа имаат само нешто повеќе од 4.000 следбеници, што е тотално незначителна бројка за „замајување на вистината“. https://www.youtube.com/watch?v=zeawfU2o55U

Go to News Site