Kurir
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за организаторите и гостите на деветото издание на „Џез фактори фестивал“ што се одржува во овој град. Делегацијата предводена од Сашо Поповски, директор и основач на фестивалот, го информираше градоначалникот Коњановски за фестивалската програма во која годинава учествуваат уметници од Франција, Австрија, Албанија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата на „Џез фактори фестивал“ обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата, соопштија од тамошната локална самоуправа по завршувањето на приемот во Општина Битола.
Go to News Site