Collector
Алаба го напушта Реал | Collector
Алаба го напушта Реал
Kajgana

Алаба го напушта Реал

Алаба го напушта Реал Филип Здравески 17.04.2026 / 14:52 Фудбал Австрискиот дефанзивец Дејвид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави клубот. 33-годишникот ги помина последните пет сезони во дресот на Реал, но не може да се каже дека ги оправда очекувањата. На 129 натпревари само 5 гола и 9 асистенции со неколку повреди кои беа главен иницијатор на ставот дека неговиот период во Мадрид не поминал добро. Пропушти над 110 натпревари поради повреди во последните години. Неговото заминување ќе отвори голем простор во буџетот, бидејќи Австриецот беше еден од фудбалерите со најголема годишна плата. Во јуни ќе полни 34 години. Ќе бара нов клуб ова лето, а веќе има неколку понуди од Европа и пошироко од континентот. Веројатно станува збор за Саудиска Арабија или пред сè за МЛС. Не е исклучено кариерата да ја продолжи во Турција или во Серија А. Дејвид Алаба Реал Мадрид Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site