Kurir
Поранешниот светски тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ (38), нема да настапи на претстојниот мастерс турнир од серијата 1000 во Мадрид поради повреда на десното рамо. „Мадрид, за жал нема да можам да учествувам оваа година. Продолжувам со закрепнувањето со цел наскоро да се вратам“, напиша 24-кратниот грен слем освојувач на својот Инстаграм профил. Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртото коло на Индијан Велс, по што ги пропушти турнирите во Мајами и Монте Карло. Неговото враќање сега се очекува на вториот турнир Мастерс 1000 во Рим, во текот на првата половина на мај. Мастерс турнирот во Мадрид е закажан од 20 април до 3 мај.
Go to News Site