Collector
Детали за пожарот под Кале, опожарени пет возила | Collector
Детали за пожарот под Кале, опожарени пет возила
Kurir

Детали за пожарот под Кале, опожарени пет возила

Пет возила се зафатени во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион, информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје. Од пожарот, три возила се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари. Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 15:40 часот, при што било пријавено дека гори сува трева, смет и паркирани автомобили. -Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот, информира командантот.

Go to News Site