Collector
Кој филм има најмногу грешки во минута? | Collector
Кој филм има најмногу грешки во минута?
Kajgana

Кој филм има најмногу грешки во минута?

Кој филм има најмногу грешки во минута? Александра Спасеска 18.04.2026 / 12:17 Филм & ТВ Додека некои луѓе гледаат филмови за забава, други уживаат во забележувањето на грешките што ги пропуштаат режисерите. Во анализа од 2026 година, новинарот Стивен Фолоус се обидел математички да утврди кои грешки се најчести во Холивуд, објавува списанието Far Out. Тој анализирал вкупно 11.842 филмови за да ги добие најточните резултати. Неговите наоди откриваат кои видови грешки се најчести, но и кој филм се издвојува. The Martian од 2015 година беше издвоен како филм со најмногу грешки во заплетот, односно најмногу грешки во минута од времетраењето меѓу анализираните филмови. Станува збор за научно-фантастична драма во режија на Ридли Скот, која го следи астронаутот Марк Вотни (Мет Дејмон), кој е заробен на Марс, додека НАСА се обидува да го организира неговото спасување. Во филмот глумат и Џесика Честејн, Кристен Виг и Џеф Даниелс. Според анализата, има повеќе од 1,2 грешки во минута, објавува списанието Far Out. Фолоус ги подели грешките во две главни категории: грешки во приказната и грешки во продукцијата. Грешките во приказната вклучуваат нелогичности во заплетот, географски недоследности и фактички неточности. Грешките во продукцијата се однесуваат на проблеми што се појавиле за време на снимањето, како што се континуитетот или опремата што е видлива на кадарот. Оваа поделба помага да се разбере каде се јавуваат најчестите грешки. Кога станува збор за грешки во продукцијата, возилата се најчестиот извор на проблеми. Околу шест проценти од филмовите прикажуваат погрешен модел на автомобил за даден период или контекст. Исто така, чести се грешки како што се неточни регистарски таблички или модерни возила во историски сцени. По возилата, најчестите грешки се неточните имиња на брендови и архитектурата што не одговара на временскиот период. На листата на филмови со најмногу грешки се наоѓаат и наслови како Titanic и Die Hard 2, додека драмата The Iron Claw го освои второто место. И покрај сè, The Martian беше огромен комерцијален успех и беше добро прифатен од публиката. Remote video URL Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site