Collector
Иран ја поништи одлуката за отворање на Ормуската Теснина поради блокадата на САД | Collector
Иран ја поништи одлуката за отворање на Ормуската Теснина поради блокадата на САД
Kurir

Иран ја поништи одлуката за отворање на Ормуската Теснина поради блокадата на САД

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили, објави агенцијата Фарс, пренесе ДПА. „Контролата врз Ормуската Теснина се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили, која е обединета командна структура на иранската армија. Портпаролот додаде дека Иран претходно „со добри намери“ се согласил да дозволи ограничен број танкери за нафта и комерцијални бродови да поминат низ мореузот, пренесе германската агенција. „Но, за жал, Американците, со нивните повторени прекршувања на довербата што се дел од нивниот начин на работа, продолжуваат да се занимаваат со пиратство и поморски кражби што го нарекуваат блокада“, рече портпаролот, пренесен од Фарс. По неколку недели речиси целосна блокада на клучниот бродски пат, раководството во Техеран вчера соопшти дека танкерите за нафта и комерцијалните бродови повторно би можеле да поминат низ Ормуската Теснина за време на прекинот на огнот. Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави потегот, но веднаш најави дека САД ќе ја задржат својата поморска блокада, која се однесува само на бродовите што доаѓаат до и од Иран, сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100 отсто завршена“, потсетува ДПА. (МИА)

Go to News Site