Collector
ЖРК Ѓорче Петров прв финалист во женскиот ракометен Куп | Collector
ЖРК Ѓорче Петров прв финалист во женскиот ракометен Куп
Kurir

ЖРК Ѓорче Петров прв финалист во женскиот ракометен Куп

Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15. Бранителот на трофејот од самиот почеток доминираше на паркетот во салата „Парк“ во Струмица и веќе на полувремето имаше недостижна предност од 14 голови. Ѓорѓиевска со девет голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Ѓорче Петров и воедно на натпреварот, додека Бундоска постигна пет голови во редовите на Пелистер. Противник на ЖРК Ѓорче Петров во утрешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Спартак и Чаир.(МИА)

Go to News Site