Kurir
Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на најновите случувања во војната со Иран откако Техеран денеска ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормуската теснина. Американскиот претседател го намали значењето на тоа, велејќи дека „многу добри добри разговори се во тек“. „Ситуацијата се развива многу добро. Тие одиграа мала игра, како што прават веќе 47 години. Не можат да нè уценуваат“, рече Трамп. Тој повтори дека САД во голема мерка ја уништиле иранската морнарица, воздухопловните сили и раководството на Иран. „Тие сакаа повторно да го затворат теснецот, како што тоа го прават со години, не можат да нè уценуваат. Ќе имаме некои информации до крајот на денот. Разговараме со нив, заземаме цврст став“, нагласи Трамп. (МИА)
Go to News Site